За GoNet

За Kомпанијата

“Go Net Communications” е национален телекомуникациски оператор лиценциран од “АЕК” за обезбедување јавни електронски комуникации од 2016 година.
Компанијата е фокусирана за обезбедување на телекомуникациски услуги за бизнис секторот со врвни телекомуникациски решенија кои ќе го унапредат нивното работење.
Нуди напредни и безбедни сервиси, како и професионални “IT” решенија според потребите на корисникот преку имплементирање на најмодерната комуникациска опрема со цел на своите корисници да им обезбеди поврзувања до 10 Gbps со стабилност, приватност и загарантирана достапност со “SLA” до 99,99%.

Гаранција за квалитет


Услугите на “Go Net” се одликуваат со загарантирана достапност до 99,99%, 24 часовна техничка поддршка, стручен кадар и имплементирани стандарди за квалитет и безбедност:
– ISO 9001:2015 Меѓународен стандард за обезбедување на квалитет на работните процеси, производи и услуги
– ISO/IEC 27001:2013 Стандард кои што обезбедува модел за воспоставување, спроведување, следење, разгледување, одржување и подобрување на ISMS (интернационален систем за управување со безбедноста на информациите)
– ISO 20000:2018 Инженеринг, продажба и малопродажба на телекомуникациски, ИТ и електронски услуги, опрема и системи
– ISO 14001:2015 Интернационален стандард кој ги дефинира параметрите кои се неопходни за еден функционален систем за управување со животната средина


Визија и Мисија


Да обезбедиме сигурни, доверливи и висококвалитетни телекомуникациски услуги секаде и во секое време преку безбедна и најсовремена телекомуникациска мрежа која обезбедува беспрекорна покриеност.


Зошто GoNet?

Квалитет

Ние се стремиме кон извонредност во сè што правиме. Поставуваме високи лични и компаниски стандарди, а потоа постојано се трудиме да ги надминеме.

Поддршка

Нашето знаење и експертиза се она што не издвојува од конкуренцијата. Ние веруваме дека секоја интеракција со клиентите е можност да создадеме доверба во нашите способности.

Eкспертиза

Со фокус на искуството на клиентите, колегите и засегнатите страни, ние постојано се стремиме да ги надминеме очекувањата и да ги предизвикаме нормите за испорака на услуги.

Интегритет

Кога се соочуваме со тешка одлука, никогаш не ги компромитираме нашите вредности и принципи. Го правиме она што е правилно, а не она што е најлесно.